Алушoвски стана тренер на исландски второлигаш

2.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алушoвски стана тренер на исландски второлигаш

Поранешниот тренер на Вардар 1961, Стевче Алушовски стана нов тренер на исландскиот ракометен клуб Тор од Акирејри.

Алушовски го напушти кормилото на Вардар 1961, а на неговото место седна Веселин Вујовиќ па беше во потрага по нов ангажман. Го најде во Скандинавија, а неговиот нов клуб Тор минатата сезона испадна од најсилната исландска лига што значи дека ќе се натпреварува во второлигашка конкуренција.

Тргнуваме од почеток. Со Стевче на кормилото. Тор е сериозен клуб ќе се врати во најсилната конкуренција. Ова е вистинско време за ресет. Имаме млади и перспективни ракометари кои заедно со поискусните ќе направиме добри резултати“, изјавија од клубот.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата