Бојан Димоски: Ќе се вратам уште посилен!

2.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бојан Димоски: Ќе се вратам уште посилен!

Како што објавуваат од страна на Академија Пандев, нивниот млад фудбалер Бојан Димоски во “Систина“ бил успешно подвргнат на операција на менискусот. Членот на У-21 репрезентацијата на Македонија од терените ќе биде одалечен извесно време, но како што напоменува самиот, тој ќе се врати уште посилен.

Операцијата помина одлично, тоа беше атроскопска интервенција на менискусот со која се надевам дека ќе ми озвоможи да продолжам со својата кариера, во ист ритам како и пред повредата. Огромна благодарност до Академија Пандев и Горан Пандев, кои се погрижија се да мине во најдобар ред. Очекувам брзо враќање на терените, се разбира дека очекувам да се вратам уште посилен“ истакна Димоски.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата