Пожар и кај Кокино (ФОТО)

2.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожар и кај Кокино (ФОТО)

Повеќе пожари ја зафатија Македонија, а како што информираат од противпожарната единица Куманово, пожар има и во  Општина Старо Нагоричане кај Кокино и Степанце.

Според информациите зафатена е борова, дабова нискостеблеста шума, поголема површина.

Нивни екипи се на терен, но силниот ветер им ја отежнува работата на пожарникарите. Пожарот го гасат и екипи на шумско стопанство, но и мештани.

– Евакуирани се и жители на неколку куќи од Кокино. Пожарот го гасат екипи на противпожарните единици на Старо Нагоричане, Куманово и помош имаат од воздух од армиски хеликоптер-изјави в.д. раководителот на РЦУК Куманово, Арбнор Тефику.

Командирот на противпожарната единица на Старо Нагоричане, Далибор Трајковски вели дека во тек е акција за гасење на пожарот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата