Меси во Барса до 2026 година!

2.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси во Барса до 2026 година!

И дефинитивно, барем според каталонските медиуми, поточно весникот “Спорт“, Лео Меси продолжува во Барселона. Аргентинецот и Барселона се договориле договорот да важи до 2026 година.

Ова е “тотален договор“, барем така “Спорт“ го нарекува договорот меѓу Меси и Лапорта.

Овие пет години договор што Барса му ги нуди на Меси, тоа значи дека тој се согласил малку повеќе да ги намали своите побарување. Имено капитенот на Барса и репрезентацијата на Аргентина, во овие пет години ќе зема далеку помалку пари од она што земаше во минатата сезона, односно со минатиот договор.

Сега останува Барселона и официјално да објави дека Меси ќе биде на “Камп Ноу“ уште пет години, до крајот на својата кариера.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата