Турбофолкерката Сека Алексиќ решила да направи промена во животот, а прво што посакала да смени на себе се тетоважите кои се во фаза на бришење. И не е само тоа, туку заедно со сопругот почнала да се бави и со земјоделство.
Сека во консултација со својот духовник сфатила дека тетоважите веќе не и доликуваат затоа што била мајка, па почнала да ги брише една по една. Освен тоа почнала да одгледува и органски зеленчук, дејност со која планира повеќе да се бави во иднина.
– Со Вељко се бавиме со одгледување органски зеленчук и во план ни е проширување. Се што се купува е премногу прскано, па така и дојдовме на оваа идеја, рекла фолкерката.