Бернард Арно го симна Безос од тронот

2.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бернард Арно го симна Безос од тронот

Бернард Арно го симна Џеф Безос од тронотза најбогатиот човек на светот. Безос откако загуби речиси 14 милијарди долари за само еден ден, се најде на второто место на најбогати луѓе во светот.

Французинот Арно поседува 47% од акциите на компанијата „LVMH“, која под еден покрив собира познати брендови како „Луј Витон“, „Кристијан Диор“ и „Тифани“, наведува порталот на магазинот „Форбс“.

По известувањето за деловните резултати во вториот квартал, акциите на „Амазон“ паднаа за 7,6 проценти, така што тој, како најголем акционер, загуби најмногу – околу 13,9 милијарди долари, а престолот на најбогатите повторно го презеде францускиот бизнисмен Бернард Арно.

И покрај фактот што акциите на конгломератот на Арно „LVMH“ паднаа за 1,4 проценти, најбогатиот Европеец е посиромашен за „само“ 2,9 милијарди долари, па оваа недела ја затвори со проценето лично богатство од 192,9 милијарди долари, пренесува Танјуг.

Арно и Безос се сменија на првото место во мај и јуни, но основачот на „Амазон“ беше на врвот во последните 50 дена.

Францускиот милијардер го зголеми своето богатство за повеќе од 100 милијарди долари во текот на минатата пандемиска година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата