Талибанците го нападнаа меѓународниот аеродром во Кандахар

1.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Талибанците го нападнаа меѓународниот аеродром во Кандахар

Талибанците истрелаа најмалку три ракети врз меѓународниот аеродром во Кандахар во јужен Авганистан, изјави денеска портпаролот на талибанците, наведувајќи дека целта е да се спречат воздушните напади извршени од силите на авганистанската влада.

„ Аеродромот во Кандахар го гаѓавме бидејќи непријателот го користи како центар од каде изведува воздушни напади врз нас“, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид.

Официјални претставници на авганистанската влада изјавија дека ракетните напади ги натерале властите да ги прекинат сите летови и дека пистата е делумно оштетена.

Како што наведоа, засега нема извештаи дали има повредени во нападите.

 

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата