Зошто ЖЕНИТЕ ИМ БЕГААТ НА МАЖИТЕ – Еве 5 причини

31.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто ЖЕНИТЕ ИМ БЕГААТ НА МАЖИТЕ – Еве 5 причини

За да функционира една врска, важно е да постои разбирање и добра комуникација помеѓу двајцата. Меѓутоа, понекогаш, поради грешки кои не ги забележуваме, се случува врската да ослабе и да тргне во погрешен правец.

Секоја жена ги забележува грешките, без разлика колку мажите мислат дека добро ги кријат. Секој прави грешки и тоа е сосема во ред, но има грешки што оставаат траги.

Главно незабележителни и можеби на прв поглед изгледаат банално, но навистина знаат како да ја расипат врската.

Постојана критика

Постојаната критика ја убива љубовта. Потребата постојано да и се укажува на грешките го намалува чувството на љубов и приврзаност и води до тоа жената едноставно да стане рамнодушна. Таа веќе не гледа смисла во нејзиниот напор, бидејќи секој пат се соочува со критики и негативни коментари.

Мажот можеби не критикува за да ја повреди, понекогаш доаѓа од најдобрата намера, но ако пречи, најдобро е да разговарате со партнерот.

Неблагодарност

Жените сакаат да се чувствуваат посебно и важно во животот на мажот. Честопати треба да прават повеќе работи како улогата на домаќинка, мајка, готвач и така натаму. Но, се додека се чувствуваат сакани и почитувани, таквите работи не им претставуваат секогаш проблем.

Во спротивно, се чувствуваат омаловажени и понижени, и кога нивните напори ќе почнат да се земаат здраво за готово, љубовта исчезнува.

Влегување во рутина

Ако сте во долга врска, треба постојано да работите на тоа, бидејќи рутината исто така може да го убие чувството на љубов. Ако ги правите истите работи секој викенд или не правите ништо интересно, досадата може да разбуди кај жената силна желба за промени.

Потиснување на слободата

Кога жената и мажот влегуваат во врска, тоа не значи дека треба да се откажат од својот независен живот, пријатели или хоби. Не е неопходно да водите двоен живот, но важно е да не го потчинувате вашиот живот на вашиот партнер.

Кога жените чувствуваат дека веќе немаат слобода, нивната љубов кон партнерот често се гаси.

Недостаток на хемија

Жените често губат интерес за својот партнер кога се соочуваат со „реалниот живот“ што се случува кога ќе помине почетната заљубеност и животот ќе стане монотон и здодевен. Кога хемијата ќе згасне, некои жени престануваат да го сакаат својот маж.

Ова чувство исчезнува поради недостаток на комуникација и емоционална исклученост на партнерот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата