„Од 10 август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката“

31.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Од 10 август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката“

По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката, вели доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија кој на својот Фејсбук профил објави статус со кој им се обрати на здравствените работници.

Беќаровски пишува дека тоа е прогноза за Македонија во месец август.

„Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена или слатка вода, а потоа повторно “ќе пливаме” во сопствената пот, под скафандерите и маските. Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот”, напиша Беќаровски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата