Осум месеци пишувал со девојка која не ја сретнал, ПА ДОЗНАЛ ДЕКА ТОА Е ЦИМЕРКАТА

31.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осум месеци пишувал со девојка која не ја сретнал, ПА ДОЗНАЛ ДЕКА ТОА Е ЦИМЕРКАТА

Професор по физика, кој мислел дека повторно ја пронашол љубовта по разводот, подоцна открил дека цело време се допишува со својот цимерка која била лудо заљубена во него.

Марио живее во Западен Лондон веќе 11 години, а животот му се променил по разводот. Останал без покрив над главата и не можел да ги види своите деца.

„Тешко ми беше по разводот, почнав да земам дрога, бев бездомник, не можев да ги видам своите деца девет месеци. Морав да се сменам. Подоцна, се појави Хана”, рекол Марио, додавајќи дека ја запознал Хана преку апликација за запознавање.

Тој објасни и дека во текот на осуммесечната преписка, се обидел да ја сретне Хана во живо, но дека таа секогаш откажувала во последен момент. Тој станал малку сомнителен, па ги контактирал водителите на емисијата „Catfish“ со надеж дека ќе ја најдат. Истрагата открила дека Хана всушност била Кортни, негова цимерка која била лудо заљубена во него.

Кортни, која е и негова колешка користела слики од жена од Нов Зеланд која немала поим дека некој ги користи нејзините слики. „Тој е мојот најдобар пријател и цимер. Се знаеме скоро пет години. Сакав да види како е да си негова девојка, бидејќи очајно сум вљубена во него”, рекла таа.

Марио бил шокиран кога дознал дека Хана всушност е Кортни: “Ја сакам како пријателка, како семејство, но тоа е тоа. Не би отишол подалеку од тоа”, рекол Марио.

И покрај тоа, Марио и простил тие продолжиле да живеат заедно како пријатели, пишува Daily Mail.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата