„Со гордост гледав КАКО НАШИОТ СИН, СТАНА НАША ЌЕРКА“

31.07.2021
„Со гордост гледав КАКО НАШИОТ СИН, СТАНА НАША ЌЕРКА“

Актерката Џејми Ли Кертис за првпат јавно проговори за својата трансродова ќерка.

„Гледав со восхит и гордост како нашиот син стана нашата ќерка Руби“, рече Џејми Ли Кертис во интервју за списанието ААРП.

62-годишната актерка има две ќерки, Руби (25) и Ена (34), заедн со нејзиниот сопруг Кристофер Гест.

Џејми Ли Кертис, исто така, откри дека таа и Гест, најпознати по режија и глумата во комедии како „Best in Show” и „A Mighty Wind“, наскоро ќе добијат и зет.

Таа изјави дека Руби и нејзиниот свршеник ќе се венчаат следната година, но и дека токму таа ќе ги венчава на нивната свадба.

Џејми Ли Кертис и Гест ги посвоија своите две ќерки како бебиња. Холивудскиот пар е во брак повеќе од 36 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата