ПОЖАРИ БЕСНЕАТ И ВО АЛБАНИЈА! Кај летувалиштето Ксамил огнената стихија ја гаселе и мештаните и пожарникарите

31.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЖАРИ БЕСНЕАТ И ВО АЛБАНИЈА! Кај летувалиштето Ксамил огнената стихија ја гаселе и мештаните и пожарникарите

Поради високите температури пожари беснеат во Грција, Турција Италија и други делови на јужна Европа

Во близина на летувалиштето Ксамил во Албанија вчера навечер избил пожар кој ја зафатил тревата, нискорастечки дрва и шума на тешко пристапен терен.

На терен биле пожарникари а во гасење на пожарот учествувало и локалното население. Нема опасност од пожарот кој би можел да ги зафати стамбените објекти на периферијата на Ксамил каде што моментално летуваат доста странски туристи.

Албанските власти не дале преупредување на можна опасност од пожарот, пренесува МИА.

Поради високите температури пожари беснеат во Грција, Турција, Италија и други делови на јужна Европа

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата