Погледнете го трејлерот од филмот за ЖИВОТОТ НА ГУЧИ: Главните улоги ги толкуваат Лејди Гага, Ал Пачино и Салма Хајек

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Погледнете го трејлерот од филмот за ЖИВОТОТ НА ГУЧИ: Главните улоги ги толкуваат Лејди Гага, Ал Пачино и Салма Хајек

Филмот „Куќа на Гучи“ на режисерот Ридли Скот (83) ќе започне да се прикажува во ноември оваа година кога ќе се одбележат 100 години од основањето на оваа италијанска модна куќа. Заплетот на филмот ја следи љубовната приказна на Маурицио Гучи и неговата сопруга Патриша Реџани, а сега е објавен и официјалниот трејлер.

Маурицио беше наследник на модната куќа Гучи, основана од неговиот дедо Гучио Гучи, а во филмот го игра Адам Драјвер (37). Братот на Маурицио Алдо беше отелотворен од оскаровецот Ал Пачино (81).

Маурицио Гучи ја замени својата сопруга Патриша со млада љубовница по 12 години брак. Во 1995 година, тој почина од куршум од убиец со договор, ангажиран од неговата поранешна сопруга.

Во улога на „црна вдовица“ Реџиани, се појави пејачката Лејди Гага (35), за која ова е прва улога откако се појави во мегапопуларниот филм „Ѕвездата е родена“.

„Ме изнервира тоа што таа дури немаше обзир и не дојде да ме запознае, а ме игра во филм – изјави неодамна Реџиани, а Гага забележа многу сличности меѓу нивниот животен стил додека се подготвуваше за улогата. Имено, обете сакаат луксуз и шопинг.

За улогата на Патриша, пејачката стана бринета и во трејлерот зборуваше со изразен италијански акцент. Во филмот ќе ја гледаме и Салма Хајек (54) во улогата на јасновитката пријателка на Патриша, Пине Орием.

Музичарот Џdаред Лето (49), кој е голем обожавател на модната куќа, се појавува во улогата на Паоло Гучи додека Џереми Ајронс (72) го игра таткото на Маурицио, Родолфо.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата