Петгодишно момче се удави во Уна, додека семејството ИЛЕГАЛНО ја преминувало границата со Хрватска

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петгодишно момче се удави во Уна, додека семејството ИЛЕГАЛНО ја преминувало границата со Хрватска

Петгодишно момче од мигрантско семејство се удави во реката Уна ноќта помеѓу четвртокот и петокот, додека членовите на неговото семејство се обидуваа илегално да преминат од Босна и Херцеговина во Хрватска.

Трагедијата се случила во општина Нови Град (Босански Нови), а според извештајот на локалната полиција, во семејството на илегални мигранти, по потекло од Авганистан, имало уште четири малолетни деца.

Момчето, кое смртно настрада, наводно паднало од рацете на татко му додека се обидувале да ја преминат реката.

По пријавата на местото на несреќата, пристигнала медицинска екипа со спасувачки екипи, а потрагата по момчето траела нешто помалку од еден час пред да се најде неговото безживотно тело. Обидите на лекарите да го реанимираат беа неуспешни.

Во тек е истрага за оваа трагедија, која ја спроведува надлежното окружно обвинителство.

Според достапните податоци од полициските агенции во БиХ, приливот на илегални мигранти во земјата оваа година е значително помал отколку во претходните години, но неколку илјади од нив се уште остануваат таму чекајќи можност да го продолжат патувањето.

Најголемиот дел од мигрантите сè уште е концентриран во Унско-Санскиот кантон. Откако локалните власти на Бихаќ ги преселија мигрантите од тој град во кампот Липа, дваесет километри подалеку, околу илјада и пол од нив се доближија до границата и сега живеат таму во импровизирани живеалишта, бидејќи веруваат дека така ќе им биде полесно да преминат во Хрватска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата