СДСМ и БЕСА ќе коалицираат и на претстојните локални избори

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ и БЕСА ќе коалицираат и на претстојните локални избори

СДСМ и БЕСА ќе коалицираат и на претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври, најави лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

„Коалицијата СДСМ – БЕСА минатата година постави нови стандарди во современото политичко дејствување во Северна Македонија. Денес оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата“, напиша Заев.

Тој додава дека со претседателот на БЕСА, Билал Касами, се согласиле дека партнерството во коалицијата ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори.

„Согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ“, напиша Заев на „Фејсбук“.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата