Косово е проблем за сите

Вучиќ – Курти 3:0

30.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ – Курти 3:0

Членот на претседателството на косовското реформското движење “Самоопределување”, Арбер Заими вели дека Албанија требаше многу порано да се консултира со Косово за регионалните иницијативи.

Но како што посочи, такво нешто не се случило.

-Доколку Рама мисли дека членството на Косово во ваквите регионални иницијативи ќе е од на Косово и на регионот, тогаш зошто однапред не дојде да разговара на оваа тема со лидерите и премиерот на Косово? Во текот на годинава, тој имаше три состаноци со Вучиќ, додека пак ние немавме никаков меѓувладин состанок или средба на ниво Рама-Курти, вели Заими.

Според неговите зборови, Тирана не се занимава со договорите кои ги има склучено со Косово, ниту пак се грижи истите да станат оперативни. Но, она кое го поддржува Рама се иницијативите во интерес на Србија.

За иницијативата “Отворен Балкан”, Заими вели дека е авантура, но и уцена насочена кон ЕУ за забрзување на европската интеграција.

Тој и проценува дека иницијативата е во економски интерес на Србија и дека доаѓа во време кога Белград има и други геостратешки интереси, мислејки на тоа дека Србија тесно соработува со Русија и Кина и се противи на НАТО.

-Регионалните договори мора да се разговараат на рационална основа. Потсетувам, на 10 јули на сила стапи трговскиот договор на Србија со Евроазиската Унија со седиште во Москва. Србија е земја која се уште нема јасна дефиниција во геополитиката, додека пак земјите на Западен Балкан се проевропски и прозападни, додава Заими.

Тој и истакнува дека според него потребно е да и се врши константен притисок на Србија за да се промени.

Според неговите пресметки, Албанија годишно губи 120 милиони евра од трговски размени, додека пак Косово добива 150 милиони годишно.

-Рама го нема тој луксуз да ги раскине со Косово и да ги регулира односите со Србија, заклучува тој.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата