Филип Миленковски се врати во Пелистер!

28.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филип Миленковски се врати во Пелистер!

Пелистер во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ, доби големо засилување. Имено искусниот офанзивен бек Филип Миленковски (31) се врати во својот матичен клуб и во претстојниот шампионат ќе го носи дресот со зелена боја.

Откако си замина од Струга Трим Лум, Миленковски во овој трансфер период се поврзуваше со неколку клубови, но сепак тој се реши да се врати во својата Битола, во својот Пелистер.

Покрај Струга Трим Лум, Миленковски во изминатиот период беше член и на Силекс, Брегалница, а во таборот на стружани беше една сезона.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата