Две дози вакцина во Македонија примиле над 360.000 граѓани

28.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Две дози вакцина во Македонија примиле над 360.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 4.098 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.810 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 862.426 дози вакцини, а ревакцинирани се 361.431 граѓани, информира Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 500.995 граѓани.

Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата