Академија Пандев со Коста Манев и во новата сезона

28.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Академија Пандев со Коста Манев и во новата сезона

Академија Пандев успеа да го задржи стоперот Коста Манев во своите редови. Искусниот дефанзивец накратко замина од тимот за да бара ангажман, но сега е дефинитивно дека останува и натаму дел од „Академците“.

Манев беше дел од Вардар, дојде во Академија Пандев заедно со Васоски на стартот од годината. Беше еден од најдобрите во својот тим, а сега е јасно дека Пандев ќе има големо засилување во одбраната за следната сезона.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата