Што момците прво забележуваат кај девојките? Верувале или не, ама не се облините

26.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Што момците прво забележуваат кај девојките? Верувале или не, ама не се облините

Кога ќе здогледа некоја девојка, погледот на мажот најпрво оди кон едно место… и тоа не е она кое многумина би го помислиле.

Привлечноста е индивидуална – кај секому е различна. Меѓутоа, некои работи им се заеднички на сите.

Имено, резултатите од неодамнешното истражување спроведено на пет илјади мажи, покажало што тие прво забележуваат кај жените, а иако сите прво ќе помислат дека градите и задникот се на прво место, одговорите се малку поинакви.

Верувале или не, точно е дека мажите прво ги забележуваат очите, односно погледот, а на второ место се нашла насмевката.

Дури после насмевката погледнуваат во градите, па нозете, а потоа женската градба, односно тежината.

Задникот бил дури на осмо место, а претходно обрнуваат внимание на женското движење.

Изгледот на кожата се нашол на последно место.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата