Мицкоски на средба со Брнз ја истакна потребата од носење резолуција за заштита на идентитет, јазик и историја

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски на средба со Брнз ја истакна потребата од носење резолуција за заштита на идентитет, јазик и историја

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес со секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.

Од партијата информираат дека на средбата се разговарало за актуелните случувања и предизвици важни за државата.

– Како акутен проблем од страна на Мицкоски беше посочен високиот степен на корупција и криминал присутна во највисоките структури на власта. Мицкоски ја посочи и злоупотребата на европското знаменце како што е законот со кој се дозволува извоз на цвет од марихуана каде се штити директно бизнис интереси на врвот на власта, соопштија од партијата.

Во соопштението се додава дека за спорот со источниот сосед Мицкоски ја истакнал потребата за прифаќање на резолуцијата која е во собраниска процедура и која ги содржи црвените линии во насока на заштита на идентитетот, јазикот и историјата.

Мицкоски ја истакна потребата за реформи во повеќе области, како и проблемите поврзани со економијата, како што е невработеноста, растечката сиромаштија и рушење на стандардот. Соговорниците ја потврдија заложбата за развивање на соработката и посветеноста кон реализација на стратешките интереси, велат од партијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата