Сончево време со температура до 34 степени

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сончево време со температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Следува период на стабилно време. До сабота дневните температури ќе бидат најмногу до 35 степени, а потоа брзо ќе се покачуваат.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата