КОРИСНИЦИТЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА „МОЈ ДДВ” СО СМЕТКИ ОД ОХРИДСКА БАНКА ДА ИЗВРШАТ АЖУРИРАЊЕ

20.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОРИСНИЦИТЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА „МОЈ ДДВ” СО СМЕТКИ ОД ОХРИДСКА БАНКА ДА ИЗВРШАТ АЖУРИРАЊЕ

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата „МојДДВ” имаат внесено трансакциска сметка од Охридска банка АД Скопје да ја заменат со новата трансакциска сметка, поради статусните промени по нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

-Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, мај и јуни 2021 година ќе се врши во текот на месец август 2021 година, а заради непречено одвивање на исплатата потребно е навремено ажурирање на податоците, укажуваат од УЈП.

Ажурирањето, посочуваат од УЈП, се врши во самата апликација МојДДВ.

– Граѓаните на брз, лесен и едноставен начин може да ја сменат трансакциската сметка со тоа што треба да се најават во апликацијата МојДДВ и да го одберат прозорчето профил, кое ќе се отвори и во полето за трансакциска сметка ја впишуваат новата трансакциска сметка и го одбираат прозорчето зачувај, се вели во соопштението од УЈП.

Заради зачувување на измените по извршеното ажурирање, корисниците, посочувата од УЈП ја впишуваат и лозинката на апликацијата МојДДВ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата