Skip to main content
x

20 Jul 2021 - 10:40
redakcija
Статија

Гастроентеролог др. Воислав Перишиќ открива што нетреба да јадете во популарните туристички летувалишта, за да одбегнете стомачни проблеми.

Штом епидемиолошката ситуација направи да се кренат рампите на границите, сите оние кои заминале на омилените медитерански дестинации, а како што наведува гастроентерологот др. Перишиќ, многумина од нив не летување не “закачиле ковид 19“, туку мака мачат со стомачни тегоби.

Тој истакнува дека ваквата ситуација можна е да се одбегне доколку на патување понесете пробиотик, а треба да се обрне внимани и на специфичноста на исхраната во поедини земји.
“Двапати по еден пробиотик дневно многу значи на патувањето, па пресметајте колку ќе ви биде потребно“, вели др. Перишиќ.

ГРЦИЈА

Во Грција треба да се одбегнува месо, бидејќи поради високите температури тоа се замрзнува повеќепати, притоа се чини дека е контаминирано со бактерии.

Во Грција најмногу се јаде гиро, а неговиот квалитет е доста дискутабилен. Составено е од месни отпадоци кои термички слабо се обработуваат, на сонце се по цел ден, што не е хигиенски.

Затоа во Грција подобро е да се јаде суфлаки, ражниќи од чисто месо, кое се обработува на 600-700 степени , каде што и бактериите се уништуваат“.

ЕГИПЕТ

Познатиот гастроентеролог вели дека во Египет никој не пие вода од чешма, бидејќи бактеролошки е неисправна и може да предизвика сериозни заболувања, исто така не се пие и во останатите делови на Африја и Јужна Европа. Пиете исклучиво флаширана вода. Исто така одбегнувајте зачинета храна, на која не сме навикнати.

ТУРЦИЈА

Докторот предупредува, туристи кои патуваат во Турција каде што е популарната храна од шветски маса, треба посебно да се води сметка да не се прејавува, “Баклавата исто така треба да се одбегнува, бидејќи долго стои. Наместо тоа јадете свежи колачи и овошни салати. Не го преполнувајте тањирот, туку земајте храна пет помали оброци дневно“.

Црна Гора

Морските плодови подготвени на многу начини се еден од специјалитетите во црногорската кујна, меѓутоа др. Перишиќ вели дека треба да се одбегнуваат.
“Тие, особено школките, се најголем извор на токсини и патогени бактерии кои можат да предизвијаат сериозна мачнина. Добро измиените школки се погодни за исхрана, но не постои гаранција дека готвачот пред да ги зготви, ги исчистил добро“, вели др. Перишиќ.