Skip to main content
x

19 Jul 2021 - 23:40
redakcija
Статија

Во август би можеле да се “судрат“ корона и алергија, а овој период ќе биде посебно тежок за една група луѓе.

Како да не е доволна короната, чиј четврти бран веќе почнал, спрема процена на стручњаците, втората половина на август би можело да дојде до опасен мега судир на два пика, ковид и амброзија.
Епидемиологот др. Предраг Кон порачал дека “Нема време за премислување и дека хитно би требало да се почне со задолжително вакцинирање на здравствените работници и ризични групи на жители“.

“За три недели бројот на новозаразени може да стане четвороцифрен, а болниците вероватно ќе почнат да се полнат за седум дена“, рекол др. Кон.

Како за потсетување, угледниот епидемиолог уште пред десет дена најавил број на заразени, со тврдење дека новиот бран ќе трае најмалку два месеца, може да се очекува во втората половина на август.

Меѓутоа, дополнителен проблем за многу жители во Србија и пошироко а се проценува дека тие се помеѓу 10 и 20 отсто од вкупната популација, претставува сезона на амброзија која на алергичните би можела целосно д им го загорчи животот.

Имајќи во вид дека амброзија влијае на дишните патишта, а корона вирус исто така ги напаѓа респираторните органи, сите кои се алергични на амброзија спаѓаат во ризична група.

“Ризикот не се однесува само на лица кои се алергични на амброзија, луѓе кои имаат изразити алергиски пореметувања во смисла на сите респираторни алергии, спаѓаат во група на поризични отколку здравите граѓани“, објаснила пумологот др. Татјана Радосављевиќ и додала: “Сите тие личности се со зголемен ризик за ковид 19“.