Настанот што ќе остане познат како „Ноќ на долгите ножеви“ е еден од оние клучни, пресудни настани во хронологијата на нацистите и Хитлеровото искачување на позицијата германски диктатор, а со тоа станува збор за настан што е клучен за историјата на Европа и 20 век.

Штом ги ставиме работите во историски контекст, сè ќе биде многу појасно веднаш.

30 јуни е 1934 година. Хитлер е веќе на власт, но сè уште не е тој „фирерот“ Хитлер.

Тој е канцелар од 1933 година, но се подготвува за нешто многу поголемо.

За да ни биде што е можно појасна оваа приказна, важно е да го имате предвид протокот на времето.

Инаку, кога зборуваме за овој период, честопати несвесно правиме „временска компресија“, ставаме сè во една мала временска рамка.

Ова е лошо од повеќе причини - прво, немаме точен впечаток за хронологијата, и второ, што е уште поважно, малку забораваме дека подемот на фашизмот на власт не се случува преку ноќ!

Имајќи го ова на ум, прво мора да споменеме дека Хитлер ги имаше своите лојалн „тепачи“ наречени Sturmabteilung (Одред за напади) од 1921 година, но СА ќе биде многу попознат како „Кафени кошули“ поради нивните кафеави униформи.

Тие се клучниот актер, односно клучната жртва на нашата приказна денес.

По 13 години, Хитлер одлучи да ги отстрани (барем нивното раководство), физички - тоа беше „Ноќ на долгите ножеви“ (всушност стануваше збор за неколку ноќи и денови, од 30 јуни до 2 јули 1934 година) .

Кои беа СА?

Тие беа клучни за подемот на Хитлер.

Тие всушност биле паравојска на Нацистичката партија или НСДАП (основана во 1919 година).

Што правеа тие?

Она што го прави партиска паравоска и онака - тие маршираа по улиците, тепаа луѓе и често ги убиваа.

Тие ги напаѓале ите оние кои се сметаа за идеолошки, политички или какви било други противници - тоа се Евреите, комунистите, демократите, но и конзервативците кои може да се „мачат“.

Всушност, СА имаа една брутално иронична улога.

Од една страна, тие беа тие што посеаа хаос, страв, а истовремено, со својот изглед, требаше да му покажат на германскиот народ дека се фактор на „редот и мирот“.

Клучниот потег тука беше нивното организирање - тие беа банда, но банда во униформа, оставајќи впечаток на дисциплина.

И тоа траеше со години.

Но, работите почнуваат да се менуваат по големата победа на Нацистичката партија на изборите во ноември 1932 година.

Да потсетиме, на изборите НСДАП освои мнозинство, но не и апсолутно мнозинство.

Тие освоија 33% од гласовите, но социјалдемократите освоија 20%, а комунистите 17%.

Но, тој сè уште не беше канцелар.

Тогашниот германски претседател Пол фон Хинденбург, истакнат воен ветеран од Првата светска војна, не сакаше да му ја предаде власта на Хитлер.

До тогаш, канцелар беше Франц фон Папен, од партијата Католички центар (која освои околу 12% на изборите).

Kанцеларот Франц фон Папен

Ситуацијата е напната, ниту претседателот Хинденбург, ниту сегашниот канцелар Папен не сакаат Хитлер да ја преземе власта.

За нив е сосема јасно што би значело ова за Германија - крајот на Вајмарската Република се почувствува во воздухот.

Папен му предложи на веќе стариот и болен Хинденбург едноставно да воведе вонредна состојба, да продолжи да владее со декрет.

Хинденбург одби, му беше јасно дека тоа нема да биде трајно решение.

Наместо тоа, тој го постави тогашниот германски министер за одбрана, генерал Курт фон Шлајхер (кој инаку беше омразен ривал на Папен) на функцијата канцелар.

Зошто тој?

Каква врска има Шлајхер со оваа приказна?

Има - имено, задачата на Шлајхер беше да се обиде да постигне договор за некое компромисно решение со „левото крило“ на НСДАП претставено од Грегор Штрасер.

Се разбира, наскоро Хитлер стана свесен за сето ова и го ослободи Штрасер од своите должности со цел потоа лично да стапи во контакт со Папен за прашањето на коалициските преговори.

Зошто Папен би се согласил?

Немаше многу избор.

„Левото крило“ на НСДАП претставено од Грегор Штрасер

Последна надеж беше дека тој го поттикна претседателот Хинденбург да му дозволи на Хитлер мандат на канцелар, но да го назначи него за свој заменик.

Со други зборови, Папен се надевал - дури верувал и дека како заменик на Хитлер ќе може да го „контролира Хитлер“.

Тоа, се разбира, беше голема грешка.

Да, ситуацијата веќе станува многу сложена за следење, особено кога споменуваме толку многу имиња одеднаш, но да поедноставиме.

Тука имаме повеќе ривалства кои тлеат одеднаш.

Сега сме веќе во јануари 1933 година.

Поранешниот канцелар Папен, и сè уште актуелниот канцелар Шлајхер, всушност, се натпреваруваат кој ќе остане (и ќе преживее) на власт.

Двајцата се свесни дека Хитлер е на пат да ја преземе целосната моќ, но сепак се надеваат дека можат да излезат како победници.

Циркулираат гласини, од кои едната е дека Шлајхер испраќа војска во Берлин со цел соборување на претседателот Хинденбург (бидејќи Хинденбург преговара со Папен за нова шема според која Хитлер би бил канцелар, а Папен заменик-канцелар).

Колку има вистина во овие гласини, тешко е да се каже, но Шлајхер е воено лице, војската е (веројатно) на негова страна.

Сè на сè, претседателот Хинденбург јасно веруваше дека гласините се вистинити, и на 30 јануари го ослободи Шлајхер од должноста и му понуди мандат како канцелар на Хитлер.

Хинденбург не го сакаше Хитлер, но го наговорија. 

Германски министер за одбрана, генерал Курт фон Шлајхер, последен канцелар пред Хитлер

Папен и другите го убедиле стариот Хинденбург (во тоа време имал 85 години) дека „сè ќе биде добро“ и на крајот се согласил (Хинденбург починал на 2 август 1934 година).

Хитлер, сега канцелар Хитлер, дејствуваше брзо - тој прво мораше да се ослободи од најдиректната закана, комунистите. Од нив се реши така што ги обвини дека го запалиле Рајхстагот.

После тоа, списокот со пречки на неговиот пат кон целосна моќ беше многу помал - пред сè, дека палењето на Рајхстагот беше искористено и за воведување на вонредна состојба и диктатура во земјата.

Добро, Хитлер сега има апсолутна моќ?

Не, не сеуште.

Постојат уште неколку „пречки“ што се планира да се решат.

На Хитлер, како и секој тиранин во подем, му треба негова брутална паравојска за да го доведе на позиција на моќ, но што сега кога тоа се случи?

Која е целта на СА? Што е со кафените кошули?

Сега тој сака да се претстави како лидер на сите Германци, потребна му е максимална поддршка за неговите следни планови.

Но, со сите напори, би било невозможно германскиот народ да заборави кои се и какви се СА.

На почетокот не и се допаѓаа на германската армија, а сега особено затоа што стравуваа дека Хитлер може да ја распушти армијата и да ја замени со СА.

Традиционалните структури на моќ во Германија, а тоа секако е армијата (Рајхсвер), но и аристократската класа на „Јункерите“ беа нервозни, а Хитлер го знаеше тоа.

Знаеше дека мора да ја добие и нивната поддршка.

Да, засновано врз страв и пропаганда, НСДАП успеа да ги освои тие 33% од гласовите на изборите пред крајот на 1932 година, но како од тоа да се стане „фирер“?

Да не заборавиме дека Адолф Хитлер е полковник од Австрија - „аутсајдер“ во Берлин, причина повеќе што многумина не му веруваат!

И тогаш излезе со план, злобен и подол план - да се ослободи од сопствените насилници, оние кои верно го следеа со години како кучиња и ги извршуваа сите негови наредби, оние кои како мафија ограбуваа луѓе и бизниси (особено еврејски) за да се претвори НСДАП во богата и моќна партија.

Претседателот Хинденбург

Тој еднаш и засекогаш, со еден удар, ќе се ослободи од своите браон кошули, а со тоа ќе ја освои германската армија и сите структури кои се соменваат во него.

Одлуката е донесена - ќе се случи "Nacht der langen Messer", Ноќта на долгите ножеви.

СА не беше лесно да се контролираат. Групите беа познати по тоа што пијанеле, правеле немири, малтретирале „невини“ граѓани итн.

Во секој случај, Хитлер (иронично) сакаше да се ослободи од таквата „насилна слика“.

Но, кој ќе го изврши овој масакр?

Хитлер имаше актер за тоа.

Имено, како што рековме, СА беа паравојска на нацистичката партија.

Сеприсутни, тие беа добро познати на сите.

Но, друга група порасна во сенка, група испратена како лични телохранители од водачите на Нацистичката партија.

Група наречена Schutzstaffel (СС) во превод „Заштитен оддел“.

До таа 1934 година, СС веќе порасна. Сосема доволно за да се искористи за да се елиминира СА.

Постоеше уште една голема разлика помеѓу СС и СА.

СС беше под Хитлер, додека со СА управуваше блискиот сојузник на Хитлер, Ернст Рам. Рам беше со Хитлер од самиот почеток, уште од денот кога се обидоа да ја преземат власта со државен удар.

Ернст Ром (десно на сликата)

Можеме да кажеме дека Хитлер видел во Рам закана, потенцијален ривал, некој со кого би морал да ја дели власта, но зборуваме за Хитлер - неговата одлука да жртвува близок соработник не треба да изненадува!

Заедно со СС, директно предводени од Хајнрих Химлер, во “акција“ тргна и Гестапо, предводено од Рајнхард Хајдрих.

„Ноќта на долгите ножеви“ започна, како што сугерира името, ноќе - масакрот започна околу 04:30 часот.

Колку луѓе биле убиени вкупно, тешко е да се каже, бројките варираат, но веројатно има стотици.

Ниската проценка е 85, а највисоката е 1.000 луѓе.

Беа убиени скоро сите водачи на СА, вклучувајќи го и Рам.

Убиени се и многу луѓе кои се сметаа за закана.

Претходно споменатиот Грегор Штрасер, кој ја претставуваше левичарската фракција на НСДАП, исто така беше убиен.

Го споменавме и Курт фон Шлајхер, ривал на Папен, кој беше канцелар пред Хитлер - и тој беше убиен во ноќта на долгите ножеви.

Убиен е и храбриот Густав Ритер фон Кар, баварски политичар кој го запре обидот за воен удар на Хитлер во 1923 година.

„Заменикот“ на Хитлер, вицеканцеларот Франц фон Папен, успеа да го избегне масакрот, но неговите соработници беа убиени.

Тој беше уапсен, а Хитлер нареди да биде ослободен неколку дена подоцна, но Франц фон Папен никогаш повеќе не се осмели да го критикува Хитлер.

Веднаш потоа, тој беше отстранет од Владата и испратен како амбасадор во Виена, а подоцна и во Анкара.

Адолф Хитлер и Ернст Ром 1933 година

Точниот број на мртви не е познат бидејќи нацистите се обидоа да прикријат сè што е можно повеќе.

Се разбира, „исчезнувањето“ на толку многу истакнати имиња не можеше да се сокрие долго.

Како што се очекуваше, Хитлер и нацистите измислија дека СА и Рам планираат државен удар и затоа ја продадоа приказната.

СА. се буквално „убиени во сон“, не само физички, туку и во секоја друга смисла.

Кога СС упаднаа во нивните простории, некои од СА извикуваа „Хајл Хитлер!“ непосредно пред да бидат погубени - со други зборови, тие веруваа дека СС започнале државен удар против Хитлер, тие не биле ни свесни дека Хитлер е тој што наредил нивна елиминација!

Ноќта на долгите ножеви беше клучниот триумф на Хитлер, моментот по кој тој можеше слободно да се нарече „Врховниот водач на германскиот народ“, што го стори на 13 јули, две недели по ноќта на долгите ножеви.

Добар дел од остатокот од СА беше вклучен или во СС или во армијата.

СА, како организација, продолжи да постои сè до распадот на нацистичка Германија, но тоа беше скоро формалност, реално улогата на паравојската ја презеде СС.

СА беа, без сомнение, брутална организација, убијци, насилници.

Многумина низ Германија беа среќни што ги отстрани Хитлер.

Воените генерали беа воодушевени.

Малкумина знаеја, но Хитлер сигурно знаеше дека на местото на СА ќе го заземе уште побруталните СС.

СА беа честопати незауздани, покажувајќи ги типичните одвратни карактеристики на воените злосторници на кои им е дозволено да прават што сакаат на фронтот.

Но, колку и да звучи грдо, тие беа „луѓе“ во тоа сопнато, криминално и најлошо издание.

Единиците на СА низ Берлин 1932 година

За споредба со СС, тие не се луѓе - тие беа машини обучени да убиваат, строго да ги извршуваат сите наредби на Хитлер.

Делот од Германија што го прослави падот на СА само ќе види што значи страв, режим и геноцид - СС исто така ќе биде инструмент на холокаустот што започнува во Германија 7 години подоцна, во 1941 година.

Ноќта на долгите ножеви е, како што истакнавме, клучен момент во подемот на Хитлер, дел од процесот на физичко елиминирање на сојузниците на патот кон апсолутна моќ.

Во ретроспектива, тој е вреден пример за проучување на процесот на пад на републиката и појавата на диктатурата.

Хитлер не беше првиот што го стори тоа, тој не беше ниту последен.

Историјата, вклучително и историјата на 20 век, е историја на сурови диктатури.

И не е толку древна историја, во никој случај доволно стара или доволно одбиена, за да не може да се реинкарнира уште еднаш во иднина.

(Vesnik.com VIA)