Албанскиот премиер Еди Рама по повод одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да го одложи почетокот на претпристапните преговори со Албанија и Македониј рече дека ЕУ мора да разбере дека проблемот е во нив.

„Ние сме Европејци без ЕУ. Ние сме Европа, не ЕУ. Ние сме опкружени со границите на ЕУ, но сè уште не сме во таа заедница. Но, тие не можат да ни кажат дека сме погрешиле. Тие мора да разберат дека проблемот е во нив “, рече Рама на Економскиот форум во Скопје.

Советот на ЕУ го одложи почетокот на преговорите поради Бугарија, која ја блокираше Македонија.

Рама посочи дека Албанија и Македонија треба повторно да чекаат преговори, но дека тој повеќе не е загрижен.

„Не треба да се потпреме само на Брисел, туку и на самите себе. Ова не е прв пат ЕУ да не успее во преговорите со Албанија“, рече Рама.

Говорејќи за соработката во регионот, Рама рече дека не треба да има ограничувања во таа област и ги повика сите да се приклучат, како што рече, во „регионалниот Шенген“.

„Ние сме премногу млади за да бидеме изолирани едни од други. Премногу сме мали за да носиме омраза. Областите ограничени со граници не се доволно интересни за да се види голема економска трансформација, но заедничкиот простор е многу привлечен”, рече Рама.