Поради високите температури и рапидно растечката температура во автомобилите, ваквите ситуации се крајно опасни, особено за малите деца.

Пожарникарите во Копривница, Хрватска денеска добија пријава дека мало дете е заклучено во автомобил. Набргу по пријавата, тие побрзале на местото на настанот во близина на центарот на Копривница, го скршиле стаклото од автомобилот и го спасиле бебето.

Неофицијално  еден од родителите за кратко отишол во продавницата, автомобилот се заклучил, а клучевите останале во него.

За среќа бебето кое е помало од една година е добро.