Судејќи според Инстаграм, Игор Којиќ и Северина не се заедно.

Пејачката последните денови објавуваше фотографии од Дубровник и Загреб, а Игор сподели дека го напуштил Белград. Којиќ последните денови одмараше на црногорското крајбрежје, а на својот Инстаграм објави слика од Котор каде што позира со својот кум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Kojić (@igorkojic)


„Каде си, кумеее !!! Едно семејство“, напишал Којиќ во описот на сликата.

Игор и Северина сѐ уште се следат на Инстаграм, но тие не си ги лајкаат и коментираат објавите. Којиќ ги избриша скоро сите слики со сопругата од неговиот профил.

Парот не е виден во јавноста заедно од март минатата година.