Сениорската репрезентација на Македонија од денеска до 22. јуни, ќе се натпреварува во четвртата Европска Дејвис Куп зона. После пауза од 10 години, Тениската федерација на Македонија е домаќин на овој турнир.

За нашата репрезентација ќе настапат: Горазд Србљак, Калин Ивановски, Обрад Марковски и Стефан Мицов, селектор е Чедомир Јовановски, негов асистент е Владимир Томиќ.

Македонија е во групата Б заедно со Молдавија, Косово, Сан Марино и Андора. Двете првопласирани селекции од оваа група ќе обезбедат пласман во третата Дејвис Куп зона.

Првиот меч се игра денеска против Косово со почетокот во 10 часот.

sportmedia.mk