Ерлинг Халанд ги договорил сите услови со Реал Мадрид, тврди познатиот италијански новинар алфредо Педула. Напаѓачот на Борусија Дортмунд направи избор, сега на потег се клубовите да ја договорат „висината“ за трансферот.

Германците од шпанскиот тим бараат 175 милиони евра, сума која за раководството на Реал Мадрид во овој момент е преголема. Но, доколку Борусија не попушти следната сезона може да го изгуби Халанд за 75 милиони евра поради клаузулата во негвоиот договор.

Норвешкиот напаѓач минатата сезона на 41 меч постигна 41 гол и запиша 12 асистенции.

Според Трансфермаркет, тој вреди 130 милиони евра, доколку Реал го сака во своите редови ќе мора на Дортмунд да му ја исплати најмалку оваа сума.


sportmedia.mk