Пејачката Дуа Липа, ја напуштила роденденската забава камен пијана на која била со своето момче Анвар Хадид во Калифорнија и не успеала да се сокрие од папараците, кои ја фотографирале во таква „весела“, пренесуваат светските медиуми.

Липа одеше претпазливо и полека додека Хадид и беше поддршка и ја држеше за рака, а лицето го криеше од фоторепортерите. Пејачката, која е позната по своите секси изданија, носеше фармерки, топ и патики, а со изразот на лицето и „искривената“ фаца докажа дека овој пат навистина се опуштила и не ги броела чашките.