Владата денеска на седница ќе одлучува по прашањето кое ја зовре јавноста но и бизнис заедницата крена прашина. Воведувањето на еколошка такса за горивата ќе биде во фокус на владата денеска а министерот Бесими кажа дека владата нема да ретерира односни изјави дека Владата ќе оди со предлогот мерките да важат од 1 јули и со очекување дека дотогаш Собранието ќе успее да ги изгласа.

-Владата треба да ги разгледа и да одлучи во однос на двете мерки. Имаме предлог за законот за ДДВ за намалување во транзиторен период, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична енергија. Домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електричаната енергија преку намалување на делот на ДДВ, што е конректна мерка која директно влијае врз буџетот на домаќинствата, рече вчера министерот Бесими одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот со ЕИБ за креидтна линија од 100 милиони евра.

Најавата на првиот финансиер е  законските измени денес да го поминат владиниот филтер а Собранието да ги изгласа до први јули, со оглед што тие одлуки е најавено дека ќе почнат да важат од први јули.