На социјалните мрежи се појави видео од матурската прослава на Економското и троговско училиште во Нови Пазар, на кое се гледа како танчерка ги забавува учениците.

Од видео снимката може да се види како оскудно облечената танчерка игра на маса додека учениците околу неа пеат во занес. Во еден момент, еден од учениците решава да се качи на масата по што масата се крши.

Директорот на училиштетото Иван Вејковиќ вели дека раководството ниту организирало ниту учествувало во матурската вечер.