Бохо изданието на латино дивата Џенифер Лопез лесно можело да биде модна инспирација за жените, но заради несреќниот избор на чевли станало промашување.  Во вакво издание Џеј Ло заминала на шопинг со синот Макс.

Инаку, станува збор за комбинација со бохо призвук, која се состои од макси здолниште од џинс и бел топ. Сето го искомбинирала со чанта од модната куќа Валентино и таа е одлично решение во комбинацијата, но истото не важи за чевлите – место, на пример, некои сандали, таа облекла чизми.

Вистина дека моделот е гламурозен и резултат на соработката на Тимберленд и Џими Чу, но едноставно не се вклопува во остатокот од гардеробата.  Без дилема можела многу подобро од чизми.