Црвено скапоцено Ферари завршило распарчено во необична сообраќајка што се случила вчера во Крагуевац а за која на големо се пишува низ социјалните мрежи.

Имено, вчера во раните утрински, во улицата Краљевачки батањон во Крагуевац, непознат возач изгубил контрола над возилото и удирал лево-десно во банкините додека не застанал. Според очевидци од речиси целосно уништениот автомобил излегле неколку момчиња и побегнале од местото на несреќата.

Причина за несреќата е преголемата брзина со која „летало“ Ферарито низ улиците на Крагуевац. Според некои искази што ги пренесоа српските медиуми, се претпоставува дека возачот на ферарито се уплашил од ротациските светла на возило за Брза помош која одела зад нив, мислејќи дека е полиција.

Според последните информации од Србија, возачот на Ферарито познат по прекар „Американац“ денеска сам се пријавил во полиција.