Силна експлозија одекна во Чачак вечерва околу 20 часот, пишуваат српските медиуми.

Според порталот Нова.рс, во фабриката „Слобода“ се случила експлозија нешто пред 20 часот.

Тројца работници се здобиле со полесни повреди, пренесува РТС.

Според д-р Александар Пајовиќ, директор на Здравствениот дом во Чачак, тие биле пренесени во Општата болница во Чачак.

Четири екипи на брза помош се подготвени во фабриката, но пожарникарите сè уште не им дозволуваат да влезат во кругот на фабриката.

Градскиот штаб за вонредни ситуации нареди евакуација на граѓаните од околината на фабриката.

Според репортерот на Нова.рс, полицијата и обезбедувањето не дозволуваат пристап до фабриката.

Според РТС, детонацијата се почувствувала и во центарот на Чачак.

Експлозија во магацинот на готови производи на фабриката „Слобода“ во Чачак се случи и на 4 јуни годинава, но немаше повредени.

Граѓаните на Твитер пишуваат и дека ја слушнале и виделе експлозијата.