Голманот Столе Димитриевски денеска на прес-конференција во Букурешт, кажа дека македонскиот национален тим е мотивиран за добар резултат и успех на ова Европско првенство.

Тој вели дека исполнет е сонот со пласманот на ЕП, а сега сонот е да се помине групата.

„Максимално сме мотивирани, немаме притисок. Секој тој притисок го претвараме во мотивација да дадеме максимуим и да одиграме одличен прв натпревар. Добро ги анализираме противниците, мислам дека имаат доста квалитетни играчи, затоа треба да бидеме подготвени одбраната и јас да реагираме. Имаат како Арнаутовиќ, Алаба имаат доста поединци, шутери, тоа го тренираме на тренинзите, се подготвуваме, за да може да се подготвиме најдобро и да парираме на нивните добри страни. Атмосферата во селекцијата е феноменална. Но, не дојдовме тука само за искуство. Да одиграме најпрво три натпревари, да освојуваме бодови. Реално, го исполнивме сонот. Сега нашиот сон и нашите амбиции да можеме да ја пројдеме групната фаза. Пред се најважно ни е да не го загубиме мечот со Австрија, и да одиме чекор по чекор. Верувам во моите соиграчи и во стручниот штаб“, рече Димитриевски.

Колку дебито на едно ЕП може да биде хендикеп или предност?

„Искуство имаме одигравме доста квалитетни натпревари во изминатиот период, имаме доста искусни фудбалери и добро сме воиграни. Оваа еуфорија со пласманот да ја искористиме во позитивна смисла“, рече Димитриевски кој вели дека овој натпревар ќе биде поразличен од квалификациите и двата меча со Австријците.

„Стои дека загубивме во квалификациите, добро ги познаваме, но дека ова е ЕП и сосема друг натпревар“.

sportmedia.mk