Средба Мицкоски-Тимоние: Итно е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и економски раст

25.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Средба Мицкоски-Тимоние: Итно е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и економски раст

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, заедно со членот на Извршниот Комитет Игор Николов оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.

Соговорниците разговараа за  изборниот процес во Република Македонија и за претстојниот втор круг на гласање. Мицкоски го информираше својот соговорник за сите притисоци и заплашувања во процесот на кампања од страна на власта, злоупотребите на институциите и состојбите со полициски службеници кои активно земаат учество на партиски митинзи, информираат од партијата.

Изборниот ден беше оценет како мирен, а беше изразена надеж дека истото ќе биде и со вториот круг на гласање.

Мицкоски посочи дека врвен приоритет се демократските избори, кои се клуч за напредокот на земјата. Дополнително беше кажано дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан  економски раст.

ВМРО-ДПМНЕ останува силен мотор за зачленување на државата во ЕУ, што е стратешка определба  на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата