На аукција се продава опасна птица што уби човек во Флорида

25.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На аукција се продава опасна птица што уби човек во Флорида

Се продава голем каузар, птица што пред десет дена го уби својот сопственик Марвин Хаџос на Флорида, а која се смета за една од најопасните во светот, објавија американските медиуми.

На аукцијата, која ќе се одржи на 27 април, ќе бидат понудени уште стотина егзотични животни кои некогаш му припаѓале на одгледувачот Марвин Хаџос, објавија организаторите на аукцијата.

Хаџос (75) бил нападнат на 12 април кога се сопнал и паднал близу затворениот простор каде што биле неговите два каузара. Тој бил итно пренесен во болница, каде што починал.

Портпаролот на полицијата, Брет Роденизер, смртта на Хаџос ја нарече „трагична несреќа”.

Хаџос ги одгледувал големите каузари  за продажба на колекционерите на егзотични птици.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата