Речиси 30 илјади граѓани на 6ти мај 1889 година се упатија кон врвот на Ајфеловата кула. Лифтовите не работеле првата недела од отворањето па така сите биле приморани да се качат по скалите. До врвот имало 1665 скали – но возбудата била толку голема што никому не му било тешко.

На 6ти мај 1889 година – денот на отворањето, Ајфеловата кула била отворена за јавноста, а церемонијата ја обележале 21 истрел од топови.

Иако лифтовите не работеле, сепак во тие 7 дена по отворањето кулата ја посетиле 28.920 граѓани кои ги користеле скалите. Во првата година симболот на Париз го посетиле 2 милиони туристи, а билетот чинел 5 франци по лице.

Ајфеловата кула е метална конструкција која денес е обележје и симбол на Париз. Изградена е во 1889 година како експонат на Светски Саем посветен на годишнината од Француската Револуција. До 1930 година, оваа кула била највисоката зграда во светот со висина од 300 метри. Името го добила по инженерот кој ја дизајнирал, Густав Ајфел.

Симболот на Париз

Денес, оваа кула е најзначајната туристичка атракција посетена од 5.5 милиони туристи годишно.

Кулата во почетокот била лошо прифатена од јавноста, многу ја нарекувале непријатна за окото (писателот Ги де Мопасан ручал во ресторан на кулата редовно бидејќи било единственото место во Париз од каде сигурно не се гледала). Денес таа се смета за една од најпрепознатливите градби во светот.

Кулата била градена од 1887 до 1889 година а нејзината цел била да биде главната порта на Светски Саем во 1889 година. Структурата е составена од 18.038 делови изработени од леано железо, со помош на 2,5 милиони заковки.

За време на изградбата, а благодарение на безбедносните мерки кои ги вовел Густав, загинал само еден работник. За тоа време ваквата смртна стапка при изградба на ваков објект било огромно достигнување.

Ајфеловата кула е висока 300 метри (324 метри со телевиската антена), а металната конструкција тежи цели 7300 тони. Кога се градела, голем дел од граѓаните на Париз сметале дека станува збор за ружна градба и дека треба да се сруши. Денес пак, оваа кула се смета за едно од најголемите ремек дела на архитектурата.

На овој проект работеле 50 инженери кои успеале да развијат околу 5300 технички цртежи.

Како се одвивала градбата?

Градбата започнала на 28 јануари 1887 година, а завршила непосредно пред отворањето на изложбата. Иако било планирано да се гради 14 месеци, сепак за нејзината изградба биле потребни 26 месеци и 1.5 милиони евра повеќе од планираниот буџет. Во градбата биле вклучени 150 работници од фабриката “Леваиле Пере” и од 150 до 300 илјади работници на самото место.

Најпрвин биле изградени темелите, а во јули 1887 година започнала и монтажата на металните делови. Монтажата била извршена со помош на кран кој ги кревал елементите на висина од 30 метри.

Првата платформа во висина од 57 метри била завршена на 7 декември, додека пак втората била подигната на сличен начин и достигнала висина од 115 метри и завршена во септември 1888 година.

Кога сфатиле дека изградбата на кулата ќе трае подолго од планираното, работниците не сакале повеќе да работат односно барале повисоки плати. Велејќи му на Густав дека работата е ризична тие решиле да штрајкуваат, по што тој морал да им ги покачи платите.

Ризикот за потенцијална несреќа бил голем, бидејќи за разлика од современите облакодери, кулата е отворена без спратови со исклучок на двете платформи. Сепак, заради добрите сигурносни мерки, само еден човек умрел, и тоа за време на инсталацијата на лифтовите.

За време на изградбата на секои седум дена кулата се заштитувала со 50 до 60 тони боја за да се спречи корозија.

Тајната соба на врвот на Ајфеловата кула

Густав Ајфел творецот на кулата, го вметнал овој простор само за себе – за гости не е дозволено. Многумина сакале да го изнајмуваат станот, но сепак таа просторија останала приватна, во која понекогаш забавувал свои гости. Но како е сега – дали станот може да се посети?

Летото 2016 година, компанијата „ХоумАуеј“ претворила сала за конференции која се наоѓа во кулата во стан. Не е истиот како од Ајфел, но се наоѓа на висина од 57 метри – има две спални соби, урбана зелена градина и панорамски поглед на „Триумфалната порта“ и реката Сена. До сега престојувале 4 лица во јули 2016 година.

Што се однесува до станот на Ајфел, не е дозволено престојување во него, но се организираат тури за гледање на просториите. Дури ќе видите и фигури на Ајфел и Едисон како разговараат.