Наполи го совлада тимот на Фиорентина на гостински терен со 0:2 и остана во игра за место во Лигата на шампионите.

Наполи триумфираше со головите на Инсиње во 57. и Зиелински во 67. минута. Фиорентина во 56. минута остана со играч помалку откако голманот Драговски направи пенал и беше исклучен. Инсиње го утна пеналот, но одбиената топка ја смести во голот.

 

sportmedia.mk