На нешто помалку од два часа пред стартот на дербито на 33.коло во ПМФЛ, Шкупи патува кон Тетово каде треба да ги одмери силите со шампионот Шкендија. Фудбалерите и стручниот штаб на чаирачни патувата со стил, со новиот и брендиран автобус.

Се разбира дека пред дербито чаирчани ќе и честитаат на Шкендија на титулата, но и ќе се обидат да ја победат, да и го поматат малку славјето.

sportmedia.mk