Во пресрет на Конгресот, во седиштето на СДСМ се одржа состанок на најтесното раководство на партијата – Извршниот одбор, на кој се разгледувале предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, пренесува 360 степени.

Пред почетокот на состанокот, Сања Лукаревска, за која има информации дека е фаворитот на лидерот Зоран Заев за заменик-претседател, одбегна да одговори на прашањето на „360 степени“ дали е наследничката на Радмила Шекеринска.

На влегување во партиското седиште, само кратко ни рече дека очекува се да помине во најдобар ред на партискиот конгрес.

„Очекувам се да помине во најдобар ред“, изјави Лукаревска за 360 степени и додаде дека повеќе информации ќе има по завршување на Конгресот.