Евровизија доаѓа и во Америка.

Популарното музичко натпреварување ќе добие своја американска верзија, која од следната година ќе се емитува на Ен-Би-Си.

American Song Contest ќе биде продуциран од тимот што стои зад Евровизија и ќе вклучува изведби на оригинални песни во живо.

На натпреварувањето ќе учествуваат претставниците на 50-те сојузни држави, петте американски територии и на главниот град Вашингтон, од кои ќе се избира најдобрата оригинална песна во САД.

Право на учество ќе имаат солисти, дуети, диџеи и групи од најразлични музички стилови.

Натпреварувањето ќе се состои од четвртфиналните и полуфиналните рунди и од големото финале.

Од пред неколку години, на Евровизија учествува и Австралија, но надвор од конкуренција.