Олимпијакос Никозија на нашиот поранешен селектор Чедомир Јаневски загуби во финалето на кипарскиот куп од екипата на Анортозис со 2:1 во дополнителните 2х15 минути.

Во регуларниот дел од мечот, средбата заврши нерешено, 1:1, но во продолженијата екипата на Анортозис имаше повеќе сили и успеа да постигне гол во 110 минута преку Грузиецот Квилиатиа и успеа да слави.

За Анортозис ова беше 11. куп-трофеј во Кипар, додека Олимпијакос Никозија има само еден трофеј, а ова за нив беше дури четвртиот пораз во големите финалиња.

sportmedia.mk