Фудбалерите на Лестер го совладаа Челзи со 1-0 во големото финале од ФА купот на „Вембли“ и за првпат во историјата го освоија ФА купот. На првиот, а потоа и единствен гол на ова финале се чекаше до 63. Минута кога Јури Тилеманс постигна спектакуларен гол за Лестер.

Играчот за врска шутираше од 25 метри, а Кепа Аризабалага немаше шанси да интервенира. Лестер поведе со 1:0 што се покажа и како клучен момент на мечот.

Челзи, во 89. минута успеа да погоди за израмнување, но ВАР одлучи дека на голот му претходеше офсајд и истиот беше поништен.

sportmedia.mk