Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека наскоро сите од регионот ќе може да се вакцинираат во Србија.

Вели дека наскоро ќе им биде овозможено на граѓаните на Македонија, Црна Гора и БиХ да се вакцинираат во Србија против Ковид-19.

Вели, Србија има доволно вакцини за разлика од другите земји од регионот.

-Србија има доволно вакцини. Наскоро ќе им овозможиме на сите граѓани на БиХ, Црна Гора и Македонија да можат да дојдат во Србија и да се вакцинираат, рече Вучиќ.