Лидија Чуковиќ детството го поминала работејќи најразлични работи на земјата на нејзиниот татко. 23 годишната девојка од Србија по смртта на нејзиниот татко имала доволно вештини и знаење за да ја продолжи работата.

-Научив многу од него. Ме интересираше се што тој работеше и така научив. Сега сама работам со сите машини, имам трактор, фреза, плугови, приколка…сите средства потребни за да ја оддржувам нивата. Сите машини се стари, па така никогаш доволно не заработувам за себе бидејќи постојано инвестирам во делови, вели оваа девојка за телевизијата “ТВ 5 Ужице”.

Лидија е невработена, а заработува работејќи на својата но и на туѓи ниви. Целото село ја познава по прекарот “Татина молња” кој го добила поради нејзиниот труд и способност да го оддржува сиот имот.

-Морам нешто да работам за да заработам некој денар. Животот ме натера на ова. Сечам дрва, одгледувам малини а работам и за други, вели таа.

Освен земјоделските машини, Лидија знае да ракува и со пила. Кога ќе дојде ред за сечење на дрва таа дури знае и како да ја изостри пилата без никој да и помогне.

Освен со земјоделска работа, Лидија се обидела да се занимава и со лов – страст која и е наследена од нејзиниот татко.

-Наследив оружје од мојот покоен татко и многу сакам да одам на лов. Знам се за оружје – знам како да го чистам, полнам и како да ракувам со него, додава Лидија.