Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта ќе ги исправи грешките на Мила Царовска, изјави Весна Јаневска претседателка на комисија за образование и наука на партија.

– Се разбира дека сето ова се ќе биде преработено, она што е обврска во однос на кредитот си е обврска во однос на кредитот. Ќе се потрудиме доколку дојдеме побргу на власт да исполниме тоа што е договор со Светска банка, но едукациите на наставниците ќе бидат различно организирани, средствата ќе бидат корисно искористени не за мебел туку за тоа што им е потребно на учениците и на наставниците. И апсолутно целата концепција ќе биде променета“, истакна Јаневска.

Јаневска додаде дека за штетните реформи и закони на Царовска реагираат и од многу други политички партии, дури и одредени луѓе од СДСМ реагираат, тоа е доволен показател дека образовниот систем нема да цвета со Царовска. Жално е што Царовска парите од кредитот од Светска банка не го троши за потреба на учениците и наставниците туку само за мебел во министерството.

„Јас вчера случајно ја отворам веб страната на МОН и гледам дека првата набавка од кредитот е набавка на шкафови за регистри во министерството за образование и мебел за кој немаше транспарентно што ќе се набавува и дали за училишта или за министерството ќе се набавува. Туку вели дека тендерската документација треба да се подигне во архивата на министерството. Ако денот по утрото се познава ќе биде лошо“, појасни Јаневска.

Јаневска во текот на емисијата нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да ги дозволи овие штети реформи на Царовска да се реализираат.

Таа ги повика сите кои што не се согласуваат со оваа реформа и овие нови закони треба да го кренат својот глас, и наставниците не само родителите, за тоа што и тие се дел од реформата која многу тешко ќе ја минуваат.